
40
MK
7 Изведете ги поставките
за серверот.
За да слушате аудио содржина
меморирана на вашиот сервер,
треба да го поставите серверот
(страница 60).
Ако мрежата не е заштитена со шифрирање
(со користење безбедносен клуч), екранот за
поставката за безбедност не се појавува во
чекор 8.
Кога ги проверувате мрежните поставки,
погледнете „Information“ (страница 98).
Поставување безжична мрежа
користејќи пристапна точка во
согласност со WPS
Можете лесно да поставите безжична
мрежа користејќи пристапна точка во
согласност со WPS. Поставувањето на
WPS може да се направи или со
користење на конфигурацијата со копче
за притискање или со начинот со PIN-
код (број за лична идентификација).
Што е WPS (Заштитено
поставување на Wi-Fi)?
WPS е стандард создаден од Wi-Fi
Alliance што ви овозможува лесно и
безбедно поставување безжична мрежа.
Поставување безжична мрежа
користејќи ја конфигурацијата
со WPS-копче за притискање
Можете лесно да поставите безжично
поврзување WPS со едно притискање на
назначеното копче.
1 Изберете „WPS Push“ во чекор 2
во „Барање пристапна точка
и поставување безжична мрежа
(начин со скенирање за пристапна
точка)” (страница 38).
2 Следете ги упатствата на екранот
и притиснете го копчето WPS на
пристапната точка.
Порака: Притиснете го копчето
WPS на пристапната точка во текот
на 2 минути
„Setup with WPS Push Button is
completed“ се појавува откако ќе се
завршат мрежните поставки и „ “
засветува на панелот за приказ. За да
се вратите на менито Network Settings,
притиснете .
(Во зависност од мрежната средина,
мрежните поставки може да потраат.)
3 Изведете ги поставките за серверот.
За да слушате аудио содржина
меморирана на вашиот сервер,
треба да го поставите серверот
(страница 60).
Кога ги проверувате мрежните поставки,
погледнете „Information“ (страница 98).
Поставување безжична мрежа
користејќи го начинот со PIN-
код за WPS
Ако пристапната точка го поддржува
поврзувањето со PI-код (број за лична
идентификација) за WPS, можете да
поставите безжично поврзување преку
WPS со внесување на PIN-кодот на
ресиверот во рутерот/пристапната
точка на LAN.
1 Изберете „Manual Registration“
во чекор 2 во „Барање пристапна
точка и поставување безжична
мрежа (начин со скенирање
за пристапна точка)” (страница 38).
Забелешка
Совет
Совет
Копче WPS на рутерот/
пристапната точка за
безжичен LAN
Comentários a estes Manuais